Connect with us

Меси и Ди Марија ја уништија Франција за едно полувреме (ВИДЕО)

Аргентина е блиску до светската титула со оглед дека има водство од 2-0 по првото полувреме од финалната пресметка со Франција на стадионот „Лусаил“ во Катар. „Гаучосите“ одиграа фантастичен прв дел, а изненадувањето на Лионел Скалони беше Анхел Ди Марија. Крилниот напаѓач се опорави навреме за финалето и одигра клучна улога во првиот дел.

Тој во 23.минута изнуди пенал од Дембеле што во гол го претвори Лионел Меси. Потоа Ди Марија успеа уште еднаш да ја затресе мрежата на Хуго Лорис во 36.минута, по одличната акција на Меси и на Мекалистер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови