
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, знае дека многу луѓе сакаат да го видат Лионел Меси како светски шампион и дека ќе навиваат за Аргентина во утрешното финале на Светското првенство. Селекторот зборуваше за состојбата на неговите играчи, за Килијан Мбапе како фактор и за противникот.
„Тука сме и направивме сѐ што е можно за да се подготвиме за натпреварот. Лионел Скалони исто така мораше да се справи со некои предизвици. Не сум вознемирен или под стрес. Кога се подготвувате за ваков натпревар, мора да останете смирени и фокусирани. Знам дека Аргентинците и многу луѓе ширум светот, веројатно и некои Французи, ќе се надеваат дека Лионел Меси ќе го освои Светското првенство, но ние ќе направиме се што можеме за да ја постигнеме нашата цел, а тоа е титулата“, изјави Дешамп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн го продава Кингсли Коман

Интернационалци
Торино сака да го откупи Елиф Елмас од Лајпциг
