Connect with us

Далиќ: Мароко е за нас големо финале

Хрватските фудбалери утре ќе го одиграат натпреварот за третото место на Светското првенство во Катар против Мароко.


Хрватска досега има освоено два медали на мундијалите, среброто во Русија во 2018 година и бронзата во Франција во 1998. Со влезот во полуфиналето, Мароко го постигна најголемиот успех на својот и африканскиот фудбал.

Во двата тима има многу проблеми со повреди и замор на играчите. Во хрватскиот тим неизвесен е Марсело Брозовиќ поради повреда на бутниот мускул, како и Јошко Гвардиол кој полуфиналето против Аргентина го одигра под инјекции поради проблем со стапалото. Јосип Јурановиќ го пропушти последниот тренинг, а одредени здравствени проблеми наводно има и Борна Соса.

„Потребни ни се спремни играчи, нема да вадиме некој кој не е целосно подготвен“, изјави хрватскиот селектор Златко Далиќ.

Капитенот Ромен Саис сигурно нема да биде во мароканскиот тим, Нусаир Мазрауи има повреда на колкот, а Најеф Агерд има проблем со бутот.

Се претпоставува дека саботниот натпревар во Доха ќе биде последен во националниот тим за капитенот Лука Модриќ.

„Нашата концентрација е на играта за третото место, не сме разговарале за тоа. Искрено се надевам дека ќе остане во репрезентацијата. Тој покажа толку многу, се покажа како врвен професионалец, се однесуваше како вистински фудбалер.Тешко ќе ми биде,но одлуката е негова. Цел свет го почитува, би било убаво да продолжи“, изјави Далиќ.

Ниту еден од претходните 19 натпревари за третото место не заврши со пенали, а само еден беше решен во продолженијата, во 1986 година, кога Франција ја победи Белгија со 4-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови