
МАКФУДБАЛ.МК на Кипар,
Никола Ѓуровски
Нема на располагање голем број од стандардните првотимци, но селекторот Игор Ангеловски најавува дека Македонија ќе игра за да победи на утрешниот меч против Ерменија во Никозија, последен дуел од актуелниот циклус во Лигата на нации. Реми е доволно за да бидеме први, меѓутоа селекторот вели дека едноставно не знае да игра на нерешено.
„Не знам да играм на нерешено, тоа ми е маана. Знаете во изминатите пет години дека јас секогаш го подготвувам тимот да истрча и да игра на победа. Така ќе биде и утре против Ерменија, иако доволно е да не загубиме за да бидеме први во Лигата Ц и да се пласираме ниво погоре во Лигата на нации. Верувам во фудбалерите кои се повикани за овој меч и ќе направиме се за да ја оствариме и втората цел, да се пласираме во Лигата Б од ова натпреварување“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман
