Connect with us

Огромна трагедија: Почина Синиша Михајловиќ

Легендарниот српски фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ, ја загуби битката со леукемијата. Тој починал во текот на денешниот ден, објави „Газета дело спорт“.


Михајловиќ веќе неколку години се бори со леукемија, неколку пати ја победуваше болеста, а последните неколку дена ги мина во болница откако здравствената состојба сериозно му се влоши. Италијанците јавуваат дека тој починал ова претпладне.


Претходните денови имаше информации дека состојбата му се влошила, но повеќето од неговите обожаватели веруваа дека и овојпат ќе успее да издржи.

Михајловиќ е роден на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Израснал во локалното Борово, каде што стана професионален фудбалер во 1986 година.


Две години подоцна се пресели во Нови Сад во Војводина, а во 1990 година пристигна во Црвена звезда со која стана европски и светски првак.

По две сезони минати на „Маракана“, тој се пресели во Италија, каде го стекна статусот на еден од најдобрите дефанзивци во Серија А во дресот на Рома, Сампдорија, Лацио и на Интер.

Со Лацио и Интер беше шампион на Италија, а со римскиот клуб го освои и Купот на победниците на куповите и Суперкупот на УЕФА.

Проглaсен е за најдобар фудбалер на Југославија во 1999 година.

За репрезентацијата одигра 63 натпревари и постигна десет гола.

Како тренер ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг и на крајот Болоња. Беше и селектор на Србија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови