
Продолжуваат проблемите за француската репрезентација во Катар. Актуелните светски прваци се борат со вирусот што го фатија Дајот Упамекано и Адриен Рабио пред неколку дена. Поради болест тие не настапија во полуфиналето против Мароко. Сега има уште два случаи на вирусот кои циркулираат во францускиот фудбалски камп.
Селекторот на Франција, Дидие Дешам, има нова причина за загриженост бидејќи овојпат со грип се заразени двајцата централни дефанзивци, Ибрахима Конате и Рафаел Варан. Сето ова се случува на само два дена пред финалето на СП 2022 против Аргентина.
Конате го замени Упамекано во центарот на одбраната против Мароко. Сепак, сега и дефанзивецот на Ливерпул и Варан се во прашање за финалето, откако денеска се чувствуваа лошо, пишува францускиот медиум „Л’Екип“.
Од францускиот табор вината за големиот број болни фудбалери ја префрлуваат на силното воздушно ладење на стадионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
