
МАКФУДБАЛ.МК на Кипар,
Никола Ѓуровски
Иван Тричковски ја предводи Македонија со капитенсата лента во отсуство на Горан Пандев, а утрешниот меч против Ерменија тој ќе го игра речиси на „домашен терен“, на Кипар каде настапува за АЕК Ларнака. Вели дека соиграчите се мотивирани за нов триумф и сите сакаат да ја остварат и втората цел – Македонија да се пласира во Лигата Б.
„Мотиви секогаш има кога се носи дресот на Македонија. На утрешниот меч секако имаме јасна цел, да го задржиме и да го потврдиме првото место во групата кое не води во Лигата Б. Подготвени сме, треба да ги реализираме плановите на селекторот и се надеваме на позитивен епилог. Ќе играм „дома“, познато ми е секое делче од теренот, па можеби и се чувствувам малку покомфорно. Но, се останато е исто за сите, фудбалска пресметка во која само еден може на крајот да се радува. Атмосферата во националниот тим е одлична и верувам дека секој што ќе добие шанса ќе ја искористи на најдибар начин“, изјави Иван Тричковски.
Утрешниот меч од Лигата на нации е закажан за 18 часот на стадионот „ГСП“ во Никозија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
