Уругвајскиот интернационалец Луис Суарез е пред потпис на договор со мексиканскиот клуб Круз Азул, кој минатата сезона заврши на седмото место во мексиканското првенство.
Според тамошните медиуми, Суарез е многу блиску до потпис за славниот тим Круз Азул и остануваат само уште неколку детали до финализирање на договорот.
Суарез ја одбил понудата на бразилскиот Гремио и се чини дека повеќе му се допаѓа идејата да игра во Мексико. Неговиот последен ангажман беше со Насионал во родниот Уругвај.
Претходно играше за Атлетико Мадрид, Барселона, Ливерпул, Ајакс, Гронинген, а кариерата ја започна во Насионал. Најмногу настапи имаше во Барселона, дури 283, а постигна и најмногу голови – 195 со 113 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal