
МАКФУДБАЛ.МК на Кипар,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) го игра последниот меч од тековниот циклус во Лигата на нации. Мисијата е да се остане непоразен против Ерменците на „ГСП“ стадионот во Никозија (Кипар), а тоа ќе значи и прво место за Македонија во групата и пласман во Лигата Б. Ова е втората цел што си ја зададоа селекторот Игор Ангеловски и фудбалските репрезентативци за 2020 година, по фантастичниот успех и пласманот на Европското првенство.
Некои нови момци ќе треба да играат за Македонија на денешниот меч. Селекторот Игор Ангеловски нема на располагање дури осуммина стартери, поради пореди и суспензии, но вели дека секој што ќе добие шанса треба да ја искористи и да даде максимален придонес за нов позитивен резултат.
На голот ќе биде Дамјан Шишковски, а одбраната е стандардна, Егзон Бејтулаи, Дарко Велковски и Висар Муслиу. Стефан Ристовски и овојпат ќе игра на левата странична позиција како и против Естонците, а десно ќе гравитира Тихомир Костадинов.
Најголемите промени се во средниот ред. Тука шанса треба да добијат играчите за врска на Вардар и на Шкендија, Дарко Мицевски и Енур Тотре. Пред нив како офанзивен играч за врска кој може во секој момент да се трансформира во напаѓач ќе биде Александар Трајковски, а напаѓачкиот тандем ќе го сочинуваат Иван Тричковски, кој ќе ја носи капитенската лента, и Илија Несторовски.
Мечот е закажан за 18 часот на стадионот „ГСП“ во Никозија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
