
МАКФУДБАЛ.МК на Кипар,
Никола Ѓуровски
Две и пол децении сум со фудбалската репрезентацијата на Македонија, ја следам одблиску, „живеам“ со нив, блиску до нив на патувањата, тренинзите, натпреварите…И мора да се признае, атмосфера неверојатно блиска, семејна, која плени и маѓепсува, е одлика на оваа генерација на Македонија предводена од селекторот Игор Ангеловски, капитенот Горан Пандев и сите негови „следбеници“.
Насмевки, убав збор, шега надвор од теренот, но и максимална сериозност, исполнување на обврските и свест за тоа дека се носат националните бои во секој момент додека одзади на дресот и на тренерките пишува Македонија, а веднаш до срцето се носи државниот грб.
На Кипар нема огромен број од стандардните првотимци, дури „да те фати страв“. Ги нема Горан Пандев, Аријан Адеми, Столе Димитриевски, Енис Барди, Езгјан Алиоски, Стефан Спировски, Бобан Николов, Кире Ристевски…но, и покрај тоа Македонија е многу силна. Присутен е заедничкиот дух, секој друг поединец веднаш се вклопува во колективот. Сега Иван Тричковски е најискусниот и ги предводи останатите, тука е и Илија Несторовски кој секогаш внесува малку свежина и шега, но и новоповиканите Мицевски, Тотре, Дориев, се супер прифатени…Сите заедно сме Македонија.
И треба да бидеме горди дека е вака, да се радуваме на успесите и да се гордееме што фудбалската репрезентација го покажув моделот кој треба да го примениме и сите ние во државата.
Заедништвото е посилно од се и затоа оваа Македонија топ не ја бие!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
