
МАКФУДБАЛ.МК на Кипар,
Никола Ѓуровски…Фото: ФФМ
Фудбалската репрезентација на Македонија по првото полувреме игра без голови против Ерменија на Кипар во последниот меч од тековниот циклус во Лигата на нации. Ова е резултат кој на Македонија и го носи првото место на табелата и пласман во Лига Б за следниот циклус од ова натпреварување. Ерменците се домаќини во Никозија, на Кипар, поради воениот конфликт во Нагорно Карабах.
Македонија ја презеде иницијативата од самиот старт, а Александар Трајковски упати две „торпеда“ кон голот на Ерменците. Давид Јурченко и двата обида ги скроти со крајни напори.
Во 25.минута Ерменија се закани преку Тигран Барсегјан. Шутираше од 20 метри, но Шишковски со одлична интервенција исфрли во корнер.
Во 39.минута уште еднаш Александар Трајковски се обиде од слободен удар од голема далечина, но не беше прецизен. Возврати Тигран Барсегјан многу попрецизно, со шут од 20 метри, но Шишковски уште еднаш беше на висина на задачата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
