МАКФУДБАЛ,МК на Кипар,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Ерменија со 1-0 на Кипар во последниот меч од тековниот циклус во Лигата на нации. Селекторот Игор Ангеловски немаше на располагање голем број стандардни репрезентативци, а Ерменија искористи едно невнимание во наата одбрана и постигна гол преку Хофханес Хамбарџумјан.
„Примивме наивен погодок во моменти кога имавме добра позиција и посед на топката. Ерменија успеа да постигне гол кога имаше само тројца фудбалери во нашето поле, наспроти повеќемина македонски играчи. Мислам дека не беа подобар тим, но ние не ги искористивме шансите во првото полувреме и тоа на крајот се покажа пресудно“, изјави Игор Ангеловски.
Ерменскиот селектор Хоакин Капарос вели дека Ерменија била подобар ривал во вториот дел и заслужено стигна до триумф.
„Македонија беше подобар тим во првото полувреме, имаше неколку шанси, но ние затоа доминиравме во вториот дел и успеавме да постигнеме гол. Тоа беше клучен момент, потоа Македонија не успеа да создаде шанса за израмнување. Ова е голем момент за ерменскиот фудбал посебно во тешките животни моменти во земјата“, изјави Капарос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













