
Фудбалската репрезентација на Македонија по поразот од Ерменија (1-0) во последното коло од тековниот циклус и во следното издание од Лигата на нациите ќе биде дел од Лигата Ц. Поради квалификациите за СП 2022 тоа ќе почне дури за две години, и тоа ќе се игра во летни термини, од 2. јуни до 27. септември 2022 година.
Македонија преку Лигата Ц ќе има можност за да се бори за пласман на Европското првенство 2024 во Германија. Таму се уште и селекциите на Турција, Бугарија, Словачка, Северна Ирска, Азербејџан, Белорусија, Фарски Острови, Грузија, Гибралтар, Грција, Косово, Литванија, Луксембург. Ќе влезат уште две селекции после плеј-аут кој ќе го играат селекциите на Кипар, Естонија, Казахстан и на Молдавија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
