
Фудбалската репрезентација на Мароко се пласираше во историско полуфинале на Светското првенство во Катар. Мароканците во четвртфиналето сензационално ја совладаа Португалија со 1-0, а херој беше 25-годишниот напаѓач на Севилја, Јусеф Ен Несири, кој постигна гол во 42. минута.
Ен Несири по центаршут феноменално скокна и со удар со глава ја затресе португалската мрежа.
Одбраната на Португалија не можеше да направи ништо бидејќи мароканскиот напаѓач имаше „скок до небо“, а се покажа дека и постави нов рекорд.
Имено, Мароканецот со глава ја удри топката од височина од 2,78 метри со што го собори рекордот на Кристијано Роналдо.
Роналдо постигна сличен гол во 2019 година за Јувентус против Сампдорија кога скокна како со падобран за да ја упати топката во мрежата, но беше пресметано дека Роналдо ја удри топката од висина од 2,56 метри.
Поточно, Ен Несири се одрази на 86 сантиметри од земјата, а одразот на Роналдо беше 71 сантиметар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак
