Репрезентацијата на Англија доживеа елиминација во четвртфиналето на Светското првенство откако загуби со 1-2 од светскиот шампион Франција. Ова е седми пат како Англичаните испаѓаат во четвртфиналната фаза на мундијалите. Ниту една селекција не го завршила учеството на СП толку често во оваа фаза како островјаните.
На Светското првенство во 2018 година, Англија стигна до полуфиналето и надежите на Герет Саутгејт беа дека тој би можел да стане првиот селектот на гордиот Албион што ќе ја одведе земјата до повеќе од едно полуфинале на Светското првенство.
Но, тоа сега не се случи и за да го постигне ќе треба да почека до следното Светско првенство, доколку тогаш се уште биде на кормилото на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal