Connect with us

Фернандо Сантош: Зборот оставка го нема во мојот речник

Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Фернандо Сантош одби да поднесе оставка по денешниот пораз од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
„Оставка? Оставката не е во мојот речник“, изјави Сантош за „Спорт ТВ“.


Португалија загуби во четвртфиналето на Светското првенство во Катар од Мароко со 0-1.
Сантош е селектор на Португалија од 2014 година, а договорот му истекува по Европското првенство во 2024 година.


Тој рече дека во недела ќе се врати во Лисабон и ќе се сретне со претседателот на Фудбалската асоцијација, Фернандо Гомеш, за да разговараат за иднината на националниот тим.


„Кога ќе се вратиме во Португалија, мирно ќе разговараме и ќе видиме каква анализа можеме да направиме. Не знам дали можеме да зборуваме за неуспех. Можевме подобро, но има денови како денешниот, кога малку повеќе среќа е потребна“, изјави 68-годишниот селектор.


Претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуза им се заблагодари на репрезентативците за постигнатиот резултат, додека премиерот Антонио Коста му честиташе на тимот кој, како што наведе, им донесе радост на Португалците и кој „останува еден од најдобрите во светот“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови