Connect with us

Стефан Ристовски позитивен на коронавирус

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е позитивен на коронавирусот. Тој веднаш по враќањето на националниот тим од Кипар почувствувал мали симптоми на изнемоштеност и се тестирал при што добил позитивни знаци на Covid-19. 

Ристовски на социјалните мрежи објави дека целото семејство всушност се бори со вирусот и им порача на сите да останат здрави и да го почитуваат мерките за заштита. 

Досега нема други најави за заболени во македонската фудбалска репрезентација.

    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови