
Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг се врати во таборот на Англија и се приклучи на подготовките за четвртфиналето против Франција. 27-годишниот фудбалер учествуваше на денешниот тренинг на англискиот тим.
Рахим Стерлинг одлета од Катар во Англија пред осминафиналето против Сенегал (3-0) поради тоа што неговиот дом беше цел на вооружен грабеж. Напаѓачот реши да си оди дома на Островот и да биде со своите најблиски.
„Ќе ја процениме состојбата на Рахим пред натпреварот. Тој пропушти многу тренинзи и издржа два долги лета. Не е најдобро подготовен за натпревар од ова ниво, но ќе видиме во каква форма е сега Стерлинг“, рече селекторот на Англија, Герет Саутгејт.
Четвртфиналниот натпревар на СП 2022 меѓу Англија и Франција ќе се одигра утревечер, од 20 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski