
Португалија со 6-1 славеше над Швајцарија во осминафиналето на Светското првенство во Катар и си обезбеди четвртфинален дуел со Мароко. Ова беше последен натпревар од осминафиналната фаза.
Гонсало Рамош беше херој во убедливиот триумф на Португалците, постигна три гола и го забележа првиот хет-трик на овој Мундијал.
Во првиот меч од нокаут-фаза на Светските првенства тој погоди во 17, 51 и во 67 минута. Пепе, Рафаел Гереро и Леао постигнаа по еден гол. Единствениот гол за Швајцарија го постигна Аканџи по девет минути од второто полувреме.
Кристијано Роналдо доби шанса во завршните дваесетина минути од натпреварот кога веќе неговата репрезентација имаше високи 5-1 и осигурана победа.
На Мундијалот во Катар следуваат два дена пауза, четвртфиналните дуели се закажани за в петок и за в сабота.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
