
Пелистер и Вардар одиграа 2-2 во вечното дерби на Македонија. Во натпревар кој сериозно отскокнуваше од второлигашката конкуренција, со присуство и на двете навивачки групи, Чкембари и Комити, Пелистер по првото полувреме обезбеди предност од 2-0.

Никола Наумоски и Борче Маневски успеаја да ја затресат мрежата на Гачевски во првиот дел.

Но, на Вардар му припадна вториот дел. Симеон Христов намали на 2-1, а Кире Маркоски го израмни резултатот. Вардар имаше шанса и за целосен пресврт, но шутот на Дарко Мицевски заврши во дирекот од голот на Илче Петровски.

Гостивар во искористи ремито на Вардар и со победата над Борец (0-2) повторно го презеде врвот на табелата. Антонио Каланоски во деветтата минута донесе водство, а Вилдан Керим го удвои во 46.минута од дуелот.
Детонит Плачковица и Воска Спорт ремизираа 1-1, Кожуф го совлада Тетекс со 4-1. Охрид славеше против Слога Виница со 2-0, а Арсими со идентичен резултат ја совлада Беласица. Локомотива беше подобра од Каменица Саса со 2-1. Караорман и Беса ремизираа без голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
