
Велс е елиминиран од Мундијалот по поразот од Англија (0-3). Велшаните освоија само бод на три натпревари против Иран, САД и Англија, а Герет Бејл го постигна единствениот гол за Велшаните во Катар.
„Не, ова не е мојот крај“, одговори Бејл, 33-годишниот фудбалер на Лос Анџелес по синоќешниот натпревар, за кој многумина мислеа дека е последен во репрезентативниот дрес.
„Ќе продолжам додека можам и тие ме сакаат. Тежок момент, но не се откажувам. Квалификациите за ЕП почнуваат во март и се надевам дека ќе бидам таму”, изјави Бејл, стрелец на 41 гол за репрезентацијата, а го коментираше и настапот на Велс во Катар.
„Не ги оправдавме очекувањата, но добивме големо искуство од ова. Ќе требаше да се штипкаме за да сфатиме дека сме на Светското првенство, мораме да го сфатиме тоа и да бидеме горди. Нашите глави треба да бидат кренати високо“, дополни Бејл.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
