Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси (35) го најави првиот натпревар на Мундијалот, во кој неговата репрезентација во вторник од 11 часот ќе игра против Саудиска Арабија.
Меси рече дека ова Светско првенство ќе му биде последно.
„Ова дефинитивно ќе биде моето последно Светско првенство и мојата последна шанса да го остварам сонот што го има целата оваа репрезентација. Натпреварувањето се одржува во различно време од вообичаеното, по многу натпревари. Но, секогаш е посебно да се игра на него”, изјави Меси.
„Се надеваме дека ќе продолжиме да играме како што игравме досега. Очекуваме тежок натпревар против Саудиска Арабија бидејќи секогаш е така на отворањето на Светското првенство. Секој од нас мора да се бори со својата нервоза. Ако почнеме со победа, ќе бидеме посмирени во понатамошниот дел од натпреварувањето. Имаме голема поддршка, тоа ме потсетува на 2014 година кога стигнавме до финалето“, изјави Меси.
Лионел Меси дебитираше за репрезентацијата на Аргентина во 2005 година, како 18-годишник на пријателскиот натпревар против Унгарија. Оттогаш, тој одигра 165 настапи за Аргентина и постигна 91 гол.
Со својата репрезентација ја освои Копа Америка и беше во финалето на Светското првенство во 2014 година. Меси многумина го сметаат за најдобар фудбалер на сите времиња, а титулата светски првак со Аргентина е единствената што му недостига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













