Connect with us

Мартин Демикелис ќе биде нов тренер на Ривер Плата

Поранешниот аргентински репрезентативец Мартин Демикелис е нов тренер на Ривер Плата. Веста ја пренесе германскиот Баерн Минхен, каде Демикелис работеше како тренер на вториот тим. Неговото место ќе го заземе Холгер Зајц.


Демикелис (41) се враќа во клубот во кој дебитираше во фудбалот во 2000 година. Тој доаѓа на местото на Марсело Галјардо, кој помина осум многу успешни сезони на чело на гигантот од Буенос Аирес.


Во овој период, Галјардо ја освои аргентинската титула еднаш, Копа Аргентина трипати, Лига купот на Аргентина еднаш, Копа Либертадорес двапати, Копа Судамерикана еднаш, Рекопа Судамерикана три пати и три пати беше избран за тренер на годината во Јужна Америка.


Демикелис ја започна својата тренерска кариера во 2017 година кога беше асистент во Малага во Шпанија. Во 2019 година го презеде тимот на Баерн до 19 години, а од минатата година беше на чело на вториот тим на Баварците.


Поранешниот дефанзивец играше за репрезентацијата на Аргентина меѓу 2005 и 2016 година, забележа 51 настап и постигна два гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови