Шкендија денеска и официјално претстави ново засилување – Себастијан Спахиу (25). Станува збор за албански офанзивец, кој има и еден настап за сениорската репрезентација на Албанија. Играч е кој може да покрие повеќе позиции во нападот, а последен клуб му беше иранскиот Рафсанџан.
Роден е во Белгија, а првите фудбалски чекори ги направил во школата на Мускрон, каде настапувал и за првиот тим. Подоцна ја продолжил кариерата во клубови од Шпанија, како и во Албанија, каде ги носеше дресовите на Лачи и на Егнатиа.

Со пристигнувањето на Мазари и Спахиу, тетовскиот клуб значително го зајакнува напаѓачкиот ред, а останува да се види дали токму тие ќе ја донесат потребната свежина и ефикасност за новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













