
Игор Ангеловски доби отказ од клупата на Горица по вчерашниот пораз од Истра со 1-0. На 10 натпревари во Горица поранешниот македонски селектор освои само два бода. Веста ја објави Горица на официјалниот сајт.
„Претседателот Ненад Чрнко го разреши господинот Игор Ангеловски од функцијата тренер и спортски директор на Горица. Одлуката за раскинување на соработката е донесена по поразот во 16. коло на Суперспорт ХНЛ од Истра. Му благодариме на Ангеловски за неговата соработка за неполни три месеци, која ја помина на клупата на Горица“, објави последнопласираниот клуб во ХНЛ.
Ангеловски е вториот тренер кој Чрнко го отпушти сезонава. Самир Топлак беше отпуштен на крајот на август. До крајот на сезоната Горица ја очекува тешка борба за опстанок, бидејќи со натпревар помалку има пет бода помалку од деветтопласираната Риека и шест помалку од осмопласираниот Шибеник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
