ПСВ Ајндховен го совлада Арсенал со 2-0 во петтото коло од групата А во Лига Европа. Џои Верман и Лук де Јонг беа стрелци на головите за ПСВ. Сепак, „топчиите“ и понатаму се на првото место во групата.
Лацио на „Олимпико“ го победи Митјиланд со 201. Гостите поведоа со голот на Густав Исаксен во осмата минута, а израмни Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Во вториот дел шанса доби Педро и го реши натпреварот со погодокот во 58.минута.
Фенербахче избегна пораз од Рен играјчи 3-3 во Истанбул. Гуири во петтата минута најави триумф за гостите, Териер зголеми на 0:2, а третиот гол повторно беше дело на Гуири. Енер Валенсија намали пред полувремето, а Езгјан Алиоски доби шанса за настап во 61.минута. Миха Зајц во 82.минута погоди за 2:3, а Емре Мор го израмни резултатот во 89.минута.
АЕК Ларнака без Иван Тричковски, ремизираше 3:3 против Динамо Киев.
Бетис го победи Лудогорец со 0:1, со голот на Набил Фекир, а Унион Берлин ја совлада Брага со 1:0. Стрелец на победоносниот гол беше Робин Ноче од пенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













