Connect with us

Три клуба од МЛС – лигата го сакаат Кристијано Роналдо

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, постојано се поврзува со заминување од „Олд Трафорд“ и се чини дека американската МЛС – лига може да биде неговата следна дестинација.


Португалската ѕвезда беше вклучен во расправија со тренерот Ерик тен Хаг за време на победата на Манчестер Јунајтед од 2-0 на домашен терен против Тотенхем. Тој замина во соблекувалната во 89. минута, откако одби да влезе како замена. Потоа беше суспендиран и исфрлен од првиот тим за дербито 1-1 против Челси на „Стемдфорд бриџ“, но се врати на почетокот на оваа недела и дури се очекува да стартува вечерва против молдавскиот Шериф Тираспол во Лига Европа.

Кристијано би можел да го напушти Јунајтед во блиска иднина и, иако сака да игра во Лигата на шампионите, сепак, би можел да оди преку Атлантикот во МЛС – лигата на САД.

Оттаму има три клуба кои сакаат да ја ангажираат португалската ѕвезда, Лос Анџелес, каде што игра поранешниот негов соиграч од Реал Мадрид, Герет Бејл, Интер Мајами на Дејвид Бекам и Лос Анџелес Галакси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови