Connect with us

Челси сака да го купи Бакајо Сака

Челси би можел да направи изненадувачка понуда за ѕвездата на Арсенал, Бакајо Сака, бидејќи надежите на Ливерпул да го придобијат крилниот напаѓач на „топчиите“ избледуваат. На „Емирати“ пак се уверени дека ќе го задржат 21-годишниот англиски репрезентативец со нов долгорочен договор.


Сопственикот на Челси, Тод Боели, го гледа Сака како идеално засилување за младиот тим на Грем Потер. Со своите одлични игри, Сака му помогна на Арсенал да стигне до врвот во Премиер – лигата. Тој постигна два гола во победата од 3-2 над Ливерпул и го постигна единствениот гол во победата над Лидс изминатиот викенд.

Сепак, интересот од Ливерпул и Манчестер Сити за него е намален. Челси сака тоа да го искористи и подготвен е да му понуди на брзоногиот фудбалер повеќе пари отколку Арсенал.

„Топчиите“ се веќе подготвени со новиот договор на Сака и му нудат 200.000 фунти неделно во текот на наредните пет години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови