Академија Пандев го доби струмичкото дерби против Беласица со 0-1, со голот на капитенот Љупчо Дориев. Со овие три бода „пандевци“ го прескокнаа Вардар и се искачија на втората позиција на табелата во Првата лига. Заслугите одат и кон одбраната, која на двата пролетни натпревари нема примено гол, а одличен натпревар одигра стоперот Диме Димов. Тој вели дека напорната работа на зимските подготовки сега носи резултати.
„Остваривме заслужена победа во струмичкото дерби. Бевме подобри, посебно во првиот дел, кога и го постигнавме победничкиот погодок. Среќен сум што одбраната функционира добро и тоа носи успеси“, вели Диме Димов.
Академија Пандев по 20.првенствено коло се наоѓа на втората позиција. Можеби погледите одат и кон врвот, каде е неприкосновената Шкендија.
„Двете победи на стартот на пролетта не мотивираат, но ние цврсто стоиме на земја. Среќни сме што стигнавме на втората позиција, но погледите ги насочуваме единствено кон добри игри и резултати. Шкендија е на врвот, а и тоа не е недостижна позиција доколку се редат победи“, истакнува стоперот на Академија Пандев.
Во следното коло Академија Пандев на домашен терен го пречекува составот на Шкупи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski