Португалците загубија од Шпанија со 1-0 во Брага и не успеаја да се пласираат на Ф4 во Лигата на нации. Иако им беше доволен и бод во Брага за да ја остварат целта, сепак, тие загубија од Шпанија со голот на Алваро Мората во 88. минута.
Така, Шпанија им се приклучи на Хрватска, Холандија и на Италија на завршниот турнир во јуни 2023 година.
Тоа беше уште една фрустрирачка вечер за Кристијано Роналдо, кој пропушти неколку добри шанси.
На крајот од натпреварот Роналдо повторно ја фрли капитенската лента на Португалија. Тоа предизвика негодувања во португалската јавност, со оглед дека го направи истото и во март 2021 година на ремито во Белград меѓу Србија и Португалија (2-2) во квалификациите за ЕП.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski