
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, го сподели своето разочарување од настапот на тимот и резултатот на натпреварот против Аугсбург. Баерн загуби со 1-0 и речиси еден месец нема победа во Бундес – лигата.
„Загрижен сум бидејќи немаме победа веќе четири кола“, изјави Салихамиџиќ за „Скај Германија“.
„Не ги реализиравме нашите шанси и воедно му дозволивме на противникот да создаде неколку. Не можеме така да ја освоиме титулата. Имаме проблеми против физички силни екипи. Нема повеќе изговори, потребни ни се победи“, истакна Салихамиџиќ.
Избраниците на Џулијан Нагелсман последоватно грешеа против Борусија Менхенгладбах (1-1), Унион Берлин (1-1), Штутгарт (2-2) и Аугсбург (0-1).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
