Холандскиот гигант Ајакс и ова лето заврши феноменална работа, но сега покажа и одредена доза на непрофесионалност. По продажбата на Антони во Манчестер Јунајтед за 95+5 милиони евра, Ајакс тргна на шопинг.
Замена за Антони требаше да биде Лукас Окампос од Севилја. Аргентинецот прво доби информација дека трансферот ќе биде комплетиран за 20 милиони евра и отпатува за Амстердам, но таму го чекаше изненадување.
Во меѓувреме, директорите на Ајакс пресметаа дека обештетувањето од 20 милиони и неговата висока плата во долгорочен договор едноставно не се во согласност со финансиите и клубот се откажа од трансферот. Окампос веднаш се врати во Севилја, а директорите на Ајакс, Хунтелар и Хамстра, го следеа за лично да му се извинат за ваквото недоразбирање.
Сега е извесно дека трансферот нема да се случи, па ќе видиме кого ќе брка Ајакс во самиот финиш од летниот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal