
Ливерпул размислува за понуда за играчот од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер. „Црвените“ имаат сериозни проблеми во средниот ред од почетокот на сезоната, а Јирген Клоп планира итно да го засили овој дел од тимот со нов играч, откако се насочи кон 24-годишниот Алжирец, пренесува „Газета дело спорт“.
Бенасер е важен играч за тренерот Стефано Пиоли. Тој во моментов е во преговори за обновување на договорот кој му истекува летото 2024 година. Во оваа фаза, сепак, преговорите се тешки, бидејќи фудбалерот инсистира на сериозно зголемување на платата, што газдите на „росонерите“ не можат да му го обезбедат.
Ливерпул будно ја следи ситуацијата и е подготвен уште повеќе да ги замати водите со понуда за играчот од средниот ред. Доколку преговорите за продолжување на договорот на играчот не одат во позитивна насока, не е чудо Милан сериозно да размислува за негова продажба, особено ако понудата од Ливерпул е доволно атрактивна на финансиски план.
Бенасер има искуство на терените во Англија, бидејќи беше дел од академијата на Арсенал на почетокот на неговата кариера. Сепак, за „топчиите“ забележа само еден официјален натпревар, а во 2017 година беше продаден на Емполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
