
Работнички утре (16 часот) ќе ја пречека Шкендија како дел од 32.коло од Првата фудбалска лига. По трите последовни порази, фудбалерот за врска Милован Петровиќ се надева дека тимот ќе одигра на потребното ниво, иако потенцира дека сепак актуелниот шампион и лидер на табелата оправдано го има фаворитскиот статус.
„Не сме во позиција премногу да зборуваме, треба многу повеќе да покажеме на теренот. Верувам дека е време Работнички да одигра на високо ниво. Шкендија е фаворит, но ние ќе сториме се за да ја прекинеме негативната серија“, изјави Милован Петровиќ за официјалниот сајт на клубот.
Главен судија на натпреварот е Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Никола Караколев (Штип) и Кире Ангеловски (Струмица). Четврти судија е Васко Митрев (Струмица). За делегат на натпреварот е одреден Тони Донев (Валандово), а контролор на судењето е Љупчо Мојсоски (Струга).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
