
Рафиња е нов играч на Барселона. Каталонскиот клуб на својата официјална страница го објави доаѓањето на 25-годишниот Бразилец чие полно име е Рафаел Дијас Белоли. Тој ќе потпише договор до 2025 година.
Рафиња игра на десната крилна позиција и како централен напаѓач, а доаѓа од Лидс Јунајтед. Претходно во кариерата играше и за Рен, Спортинг и Виторија Гимараеш, каде дојде од бразилскиот клуб Аваи.
Барселона ќе плати 58 милиони евра, плус осум милиони бонуси за Рафиња. Интерес за бразилскиот репрезентативец, кој одигра девет натпревари и постигна три гола во националниот тим, покажаа и Челси, Арсенал и Тотенхем.
Сепак, Рафиња ја избра Барселона, која по Франк Кеси и Андреас Кристенсен, го реализира третиот трансфер ова лето.
Рафиња е во Премиер – лигата веќе две сезони, одигра 65 натпревари, постигна 17 гола и асистираше при 12 погодоци.
Principi d’acord amb el @LUFC per al traspàs de Raphinha
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) July 13, 2022

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
