
Атлетико Мадрид е подготвен да го продаде Антоан Гризман, чија плата е преголем товар за клубот. Раководството на клубот размислува да го продаде Французинот за 40 милиони евра, а со тоа би се ослободиле од неговата плата која изнесува околу 30 милиони евра по сезона.
Атлетико Мадрид го доведе првиот играч во овој преоден рок. Станува збор за 33-годишниот белгиски играч за врска Аксел Витсел кој како слободен играч пристигна од Борусија Дортмунд. Сепак, не може да го регистрира својот нов фудбалер, а причината е од финансиска природа.
Имено, Атлетико има големи проблеми кога е во прашање финансискиот фер-плеј, а трошоците се надминати за цели 100 милиони евра од дозволеното. Слична е ситуацијата и во Барселона, која не може да ги регистрира новите играчи, Франк Кеси и Андреас Кристенсен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal