Откако во последните неколку дена стана јасно дека Манчестер Јунајтед нема да може да го привлече дефанзивецот на Ајакс, Јустин Тимбер, клубот од „Олд Трафорд“ се сврте кон неговиот партнер во срцето на одбраната, Лисандро Мартинез, пренесува холандскиот весник „Телеграф“.
Аргентинецот му е добро познат на Ерик тен Хаг, со кого соработуваше во последните три години, игра со левата нога, дефанзивец каков што недостасува кај „црвените ѓаволи“. Тој во последната сезона забележа 24 натпревари, имаше три асистенции и еден постигнат гол во Ередивизие.
Сериозен интерес за Лисандро Мартинез покажува и Арсенал, кој веќе е одбиен за официјалната прва понуда за дефанзивецот вредна 25 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













