
Каталонскиот гигант Барселона не може да регистрира ниту еден нов договор во Ла Лига. Овој проблем се појавил откако клубот се договорил со Серхи Роберто за продолжување на соработката, но нема официјална објава на клупската интернет страница, токму поради фактот што не може да го регистрира.
Истото важи и за новите фудбалери кои треба да пристигнат како слободни агенти, а тоа се Андреас Кристинсен од Челси и Франк Кеси од Милан.
Барселона го најавува и доаѓањето на Роберт Левандовски, но очигледно дека тоа во моментот е далеку од реализација. Прво ќе треба од „Камп Ноу“ да заминат голем број фудбалери, дел од нив и со огромни финансиски договори, за да се ослободи место во буџетот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
