Полскиот напаѓач Роберт Левандовски вчера беше во Монте Карло каде ја следеше трката во Формула 1, а новинарите ја искористија можноста да му постават неколку прашања за неговата иднина.
Секако, многумина се прашуваат дали Левандовски навистина ќе го напушти Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во Барселона како што се шпекулира со недели.
„Хм, Шпанија е многу „кул“ место. Имаме куќа таму. Барселона? Тоа ќе зависи од многу фактори. Сепак, мојата ситуација е сосема јасна и мислам дека нема потреба да станувам емотивен поради тоа или да трошам повеќе зборови на оваа тема. Невозможно е да се тврди дека ќе бидам фудбалер на Баерн следната сезона“, јасно порача Левандовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













