Иван Перишиќ пристигна во Лондон на прегледи, по што ќе парафира двегодишен договор со Тотенхем. 33-годишниот Хрват ја одби понудата на Интер за нова соработка и повторно ќе соработува со Антонио Конте, со кого минатата сезона ја освои шампионската титула во Серија А. Тоа ќе биде првото ново засилување на Тотенхем ова лето.
Другиот сигурен играч е Фрејзер Форстер од Саутемптон, кој исто така доаѓа во Тотенхем како слободен играч. Голманот веќе ги помина лекарските прегледи и ќе им се приклучи на „мамузите“ откако ќе му истече договорот со „светците“.
Според „Скај Спортс“, Конте сака шест или седум нови засилувања за да го направи својот тим многу поконкурентен во текот на летото.
Токму италијанскиот стручњак почна да го користи Перишиќ како лево крило во Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













