Connect with us

Муслиу: Желбата да се игра за Македонија е посилна од заморот

Дефанзивецот Висар Мислиу вели дека желбата да се игра за репрезентацијата на Македонија е поголема од заморот кој го чувствуваат фудбалерите по завршената клупска сезона. Фудбалетот на Инголштад очекува Македонија да одигра квалитетно на гости против Бугарија.


„Селекторот верува во нас, тоа ни дава самодоверба. Ние сме докажале дека знаеме да победуваме со ривали како следните. Ги чекаме новите предизвици, желбата да се игра за репрезентација е поголема од одморот, концентрирани сме на тренинзите и на првиот меч со Бугарија. Нормално е дека секој пат е потребно освежување на тимот. После она кое го минавме во месец март, сите ние очекуваме што е можно подобри резултати, тоа значи да бидеме први и да запишуваме победи во овој циклус на Лигата на нациите“, изјави Муслиу.

Македонија на стартот од новото издание во Лигата на нации има гостувања во Бугарија и на Гибралтар, а потоа ќе следат уште две домашни средби, со Грузија и со Гибралтар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови