Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе се обиде да го купи Кристофер Нкунку, офанзивецот на Лајпциг, кој е прогласен за најдобар играч за изминатава сезона во Бундес – лигата. Откако стана јасно дека Килијан Мбапе нема да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, Флорентино Перез и раководството на „кралевите“ се ориентира кон други фудбалери на европскиот пазар.
Во игра се и Рахим Стерлинг од Манчестер Сити и Рафаел Леао од Милан.
Кристофер Нкунку постигна 20 гола на 34 натпревари во Бундес – лигата. За него Лајпциг бара 100 милиони евра, а има договор до 2024 година. За него се интересираат и ПСЖ и Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













