Connect with us

Милевски: Трите нови имиња треба да донесат освежување во репрезентацијата

Почнува новото издание на Лигата на нации, а Македонија има големи амбиции во групата во која се наоѓаат уште и Бугарија, Грузија и Гибралтар. Селекторот на националниот тим, Благоја Милевски, објави список од 28 фудбалери, а меѓу нив и три нови имиња, Енис Фазлагиќ, Томче Гроздановски и Бојан Димоски. Според него, тие треба да бидат освежување за селекцијата.


“Базата на тимот веќе ја имаме со фудбалерите кои ги одиграа натпреварите за пласман на Светското првенство, но нашата цел е тројцата нови фудбалери во составот Димоски, Гроздановски и Фазлагиќ да донесат одредено освежување во репрезентацијата.

Шанса за потврда на својот потенцијал и квалитет ќе добијат сите и низ подготовките и натпреварите, помладите фудбалери треба да покажат дека можат да бидат важен дел од репрезентацијата во нашите натпревари од квалификациите за Европското првенство чија ждрепка е закажана во октомври.

Јас се надевам на многу позитивни работи во периодот што ни следува, иако распоредот ни наметнува четири меча, а фудбалерите завршија со клупски активности. Дел од нив како последица од напорната сезона и бројот на одиграни натпревари нама да бидат во комбинација за настап за натпреварите кои ни следуваат, а ќе видиме каква е ситуацијата со дел од играчите кои имаат повреда и дали ќе бидат во можност да настапат“, изјави Благоја Милевски.

Првиот меч од новото издание на Лигата на нации, Македонија го игра на 2 јуни во Разград против Бугарија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови