
Англискиот премиерлигаш Ливерпул го објави доаѓањето на младиот офанзивен играч за врска на Фулам, Фабио Карваљо. Ден по завршувањето на Премиер – лигата, Ливерпул потврди дека Фабио Карваљо и официјално е нов играч на „црвените“. Од претходно се знаеше дека договорот кој беше на прагот на зимата е направен, па еуфоријата почна одамна.
Карваљо беше цел на неколку големи клубови, а Ливерпул ја започна операцијата за негово доведување на крајот на јануари. Во последниот ден од преодниот рок направија се за да го откупат, но неговата регистрација не беше заокружена и трансферот беше одложен за летониот преоден рок.
Сега кога веќе ја нема пречката, Ливерпул ја најави својата нова атрактивна аквизиција.
Карваљо е роден во Лисабон, ја мина Академијата на Фулам и оваа сезона беше од клучно значење во тимот, заедно со Александар Митровиќ. Прогласен е за најдобар млад играч во Чемпионшип, постигна 10 гола и забележа осум асистенции.
We can confirm Fabio Carvalho will join the club this summer.
— Liverpool FC (@LFC) May 23, 2022
The 19-year-old forward will officially complete a switch to the Reds on July 1 🙌

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)
