
Втора година по ред „Златната копачка“ во Европа ја освои полскиот интернационалец и напаѓач на Баерн, Минхен, Роберт Левандовски.
Тој минатата сезона постигна вкупно 35 гола во Бундес – лигата, а зад себе остави имиња како Килијан Мбапе, Чире Имобиле, Карим Бензема…
Минатата година Роберт Левандовски ја прослави својата најдобра сезона во Бундес – лигата по голови. Напаѓачот на Баерн постигна 41 гол, еден повеќе од историскиот рекорд на Герд Милер.
Годинава не е многу помал ефектот на Роберт Левандовски кој сезоната ја заврши со 35 гола на своето конто. Тоа значи дека во конечниот пласман освоил 70 поени. Со оглед дека петте најдобри лиги се завршени, јасно е дека Лева-гол и оваа сезона е најдобар стрелец на Стариот континент.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
