
Интер не успеа да ја одбрани титулата во Италија иако во поголемиот дел од сезоната беше на првото место во Серија А. По првиот дел од сезоната се очекуваше Интер лесно да дојде до новото „скудето“, но клубот од Меаца успеа да ја загуби сета таа предност со неколку неочекувани грешки, што на крајот Милан знаеше како да го искористи.
Веќе е јасно дека Интер на лето ќе направи одредени промени во играчкиот кадар. Иако сезоната штотуку заврши, се чини дека се познати имињата на играчите кои ќе го напуштат клубот.
Алексис Санчез и Артуро Видал речиси сигурно летово ќе го напуштат Интер. Видал одамна реши да го напушти Интер ова лето, а како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Бразил во дресот на Фламенго. Што се однесува до Алексис Санчез, интерес покажаа неколку клубови, но се уште нема конкретни понуди.
Покрај двајцата Чилеанци, ова лето Интер се очекува да го напуштат и трагичарот Јонут Раду, Алекс Кордаз, Андреа Ранокија, Александар Коларов, Роберто Галјардини, Матиас Весино и Фелипе Каиседо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
