Српскиот стратег Синиша Михајловиќ последните години се бори со тешка болест, а неодамна повторно заврши во болница. Сепак, и вторпат ја победи леукемијата, а италијанските медиуми пренесуваат дека денеска се враќа на тренинзите на екипата на Болоња и дека ќе ја води на неделниот натпревар против Венеција.
На тој меч ќе биде и на клупата, нешто повеќе од еден месец по хоспитализацијата поради појава на симптоми на враќање на леукемијата, од која заболи летото 2019 година.
Во ноември истата година, на Михајловиќ му беше извршена трансплантација на коскена срж, а на 26 март објави дека мора да помине нов циклус на терапија.
По 24 дена излезе од болница, малку се опушти со семејството во Рим, а сега се враќа на својата работа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













