Португалскиот ас Кристијано Роналдо наводно одлучил да замине од „Олд Трафорд“. Иако новиот тренер Ерик тен Хаг најави дека ќе разговара за судбината на Португалецот со самиот играч, сепак, тој уште отсега донел одлука да го напушти Манчестер Јунајтед.
Причината е амбициозноста на Роналдо. Тој не сака да чека, има уште една година од договорот, но не сака да игра ниту во Лигата на Европа, ниту во Конференциската лига на УЕФА.
Наводно, Роналдо им се доверил на пријателите дека времето му истекува, дека има уште една силна сезона во неговите нозе и дека сака да се обиде да ја освои Лигата на шампионите.
Идејата е јасна, ПСЖ или враќање во Реал, но иако има информации дека Мендеш се обидува да преговара за трансфер, засега тоа не е реално.
Дали ќе ги видиме двете мегаѕвезди, Лионел Меси и Кристијано Роналдо заедно во ПСЖ или пак можеби Португалецот ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“?!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













