
УЕФА ги одреди цените за билетите во финалето на Лигата на шампионите. 75.000 љубители на фудбалот ќе имаат можност да го следат финалниот дуел од ЛШ на 28.мај во Париз на „Стад де Франс“, а за тоа задоволство ќе треба да издвојат од 70 до 690 евра.
УЕФА објави дека 52 илјади билети се во слободна продажба. По 20 илјади билети ќе добијат финалистите, Ливерпул и Реал Мадрид, а 12 илјади ќе бидат достапни за навивачите ширум светот преку официјалната веб страница на Европската фудбалска организација.
Четвртата категорија билети е најевтина и вреди 70 евра, третата изнесува 180 евра. За поубавите позиции, секако, треба да се плати повеќе. Втората категорија билети се продаваат по цена од 490 евра, додека најлуксузните влезници чинат 690 евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski