
Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски сака да го напушти Баерн Минхен и ова лето да направи трансфер во Барселона. Но, можеби неговата преселба на „Камп Ноу“ и нема да оди така лесно.
Според полскиот канал „ТВП Спорт“, Роберт Левандовски го известил раководството на Баерн дека сака да се пресели во Барселона. Но, тој има договор со Германците до летото 2023 година, а Баерн Минхен ќе бара 70 милиони евра отштета иако ризикува да го загуби бесплатно по една сезона.
Левандовски следното лето ќе наполни 34 години, а Барселона е подготвена да плати едвај 30 милиони евра отштета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski